fbpx
loading ...
loading ...

9. seminar MAF: Dobra žena

Тајните и вистината,причина за храбри одлуки

На прашањето која е Мирјана Карановиќ? Ќе одговориме:

Харизматична,професионална и популарната глумица Мирјана Карановиќ е родена на 28 јануари 1957 година,дипломирала на факултетот за драмски уметности во Београд 1984 година. На филм дебитирала во 1980 година со главна улога во филмот на режисерот Срџан Каранович,додека пак популарноста ја стекнува со нејзиното појавување во филмот “Татко на службен пат”- (“Otac na sluzbenom putu”) во режија на светски познатиот режисер Емир Кустурица. Од тука стекнува голема популарност ширум Југославија,се појавува во повеќе југословенски филмови со што успешно ја гради својата актерска кариера. Подоцна таа е професор на Академијата за уметност во Београд,каде што предава актерска игра. Нејзината кариера е богата со многубројни награди кои ја потврдуваат нејзината професионалност како актерка.Во 2016 година Мирјана Карановиќ решава да се појави на филмското платно,но овој пат во улога на режисер,сценарист и актерка.Станува збор за нејзиниот дебитантски филм “Добра Жена”.

Добра жена е филм чија содржина на еден јасен начин ни ја опишува улогата на жената во семејството. Филм за храброста,одлучноста,праведноста…Зад сите овие карактеристики стои еден лик,тоа е главната јунакиња Милена. Милена е типична балканска жена која целосно е посветена на семејството,таа е добра жена,добра мајка и добра пријателка. Преку ликот на Милена се согледува патријархалното воспитување на жените на балканот,таа е грижлива мајка и верна сопруга која се жртвува за среќата на своето семејство. Жените од нејзината генерација се сведоци на едно друго воспитување кое им го пренеле постарите генерации, затоа можеме да кажеме дека Милена го задржала стилот на патријархалното воспитување. Односно таа го почитува својот сопруг,за неа тој го има главниот збор во семејството,тој е човекот херој кој во нивниот дом заслужува апсолутна почит. Сето тоа е карактеристично за патријархалното воспитување на жените,да бидат послушни, дури и потчинети,верни сопруги и добри мајки,таква е и Милена. Во овој филм е прикажана жената на балканот со сите нејзини одлики,нејзиното воспитување,која се разликува од современите модерни жени. Претставено е традиционалното воспитување кое го имаат прифатено балканските жени и кое е туѓо за ова модерно време.Патријархалното воспитување се темели на хиерархија во смејството,каде што постои подреденост на улогите сопруг,жена,деца,тоа е слично како формирањето на монархијата каде главниот збор,т.е. моќ има монархот,таква е и улогата на сопругот во патријархалните семејства. Нејзиното семејство за неа е идеално.Посветена на својот дом,еден ден додека го чистеше, случајно пронајде стара видео касета. На неа имаше една снимка на која семејството ужива во пријатна атмосфера на прослава,но и една долго скриена тајна… Сега кога тајната е откриена,што со неа? За филмот да е поинтересен тука е и болеста на Милена и констатираа дека има рак на дојката кој е во почетна фаза и мора итно да се оперира.Наспроти се тоа таа ја истакнува својата храброст со што донесува важна животна одлука и видео касетата ја носи кај надлежните служби кои се занимаваат со криминални дела,односно токму со убивањето на цивили и ја предава. Оваа постапка на Милена ја дефинира добрата жена,жената која наспроти својата болест,донесува тешка и праведна одлука,вистината да се дознае и криминалот да биде казнет, жртвувајќи ја својата семејна среќа,таа не дозволува нејзиниот сопруг да се извлече и да не биде казнет за толку големо зло како што е убивањето на цивили во војна.Тука исто така го согледуваме традиционалното воспитување,жените биле воспитувани да бидат чесни,да бидат праведни,да ја кажуваат вистината,да не дозволат злото да постои и да не учествуваат во истото. Навистина оваа тема,односно убивањето на цивили често пати се случува во многу војни, но за жал многупати тоа во јавноста не се споменува и многу криминалци не се казнети,напротив живеат слободно зад маската на најголеми херои. Од тука ќе кажеме дека режисерката Мирјана Карановиќ со овој филм ги охрабрува луѓето кои носат лузни или имаат тајни како онаа на сопругот на Милена и слободно живеат со нив,јасно да проговорат за истите и злосторниците да се казнат. За жал постојат многу луѓе како Влада,кои живеат слободно.Постојат и многу жени како Милена кои немаат храброст да проговорат за страшните случувања во војните и живеат со тие тајни,сите тие приказни се инспирација за овој филм.

Покрај актерката Мирјана Карановиќ која ја толкува главната улога,тука е и актерот Борис Исаковиќ толкувајќи исто толку важна улога,тој доволно јасно и добро прикажува негативен лик и кај гледачите наметнува прашање колку во нашиот живот постојат личности како Влада? Луѓе кои зад својот идеален лик и добар карактер носат маски,односно се крајно спротивни од она во што ни се прикажуваат.Колку ние сме способни да ги препознаеме тие личности? Целта на овој лик е да имаме поголемо внимание кон луѓето околу нас,да не мижиме пред очигледните докази и да не претеруваме во идеализирањето на личноста,туку напротив да бидеме будни и подготвени за нивно препознавање и промена,како и свесно да ја прифатиме истата.

Филмот завршува со операцијата на Милена,која храбро се бори за својот живот и продолжува да живее слободно по донесената одлука. Навистина тешко е да се занимаваш со човековата душа и моралните вредности,ова е филм кој говори за тоа. Милена е со причина добра жена,затоа што постапува праведно онака како што и доликува на традиционално воспитана,совесна жена која се бори за вистината и не дозволува злото да  се сокрие,заборави и да не се одговара за истото.

Мирјана Карановиќ во својот прв филм одбрала тема за која немаме многу филмови,односно открива јасна вистина за случувањата во многу војни. Таа на еден прецизен,јасен начин ја води приказната преку ликот на Милена кој и самата го толкува. Мораме да признаеме дека станува збор за одлична глума,преку која е прикажана добрата жена,грижлива мајка и верна сопруга и добра пријателка која се соочува со внатрешна битка помеѓу вистината и емоциите. Во филмот исто така се прикажани и други женски ликови со слични приказни како на Милена кои помагаат целосно да се вклопи приказната на Милена. Сценариото е јасно,а приказната емотивна,што докажува дека се работи за добра режија.

На гледачите им го препорачуваме филмот добра жена,самите да донесат свои заклучоци и дефиниција зошто овој филм носи наслов добра жена,како и да ја откријат пораката на овој филм. Филм во кој се прикажува тема која ќе охрабри многумина јавно да проговорат за војната и последиците. Се чини дека тоа е и главната цел на филмот да се зборува и постапува одлучно без двоумење за криминалните дела и да се добие заслужената казна,секое злодело да биде казнето. Приказната за тајната,за премолчувањето во обид да се заборави минатото,невозможноста да се види вистината,желбата луѓето да го избираат полесниот пат во животот наместо да се соочат со тешкотиите, спротиставувањето на злото,донесувањето на тешки животни одлуки сноси голема храброст е сето тоа за што се говори во филмот и е заедничко за сите луѓе.

Сосема на крај ќе заклучиме дека првото режисерско остварување на нашата балканска глумица Мирјана Карановиќ е одлично за почеток. Да и се заблагодариме што пишува на една тешка тема со што опфаќа и други теми за размислување,тема која постои како тајна и навистина вреди да се направи филм за една сурова вистина што се случува во војните…

Филмот зема учество на повеќе фестивали и има добиено неколку награди меѓу кои се: Sundance FF; Göteborg FF; Belgrade FEST – Best Actress, Milutin Colic Award; Cleveland IFF – George Grund III Memorial Award for Central and Eastern European Competition, од каде ја гледаме неговата популарност. На Мирјана Карановиќ и посакуваме многу поголеми успеси како во ова така и во наредните остварувања во улога на режисер,ја охрабруваме во иднина да продолжи да се занимава со добри теми како оваа која ќе ги предизвика гледачите секогаш,без разлика на се да донесуваат правилни одлуки и храбро да се спротистават на злото.Очекуваме уште многу успешни филмови. Среќно!

Маја Лазарова

Komentiraj

Napaka Preveri kaj si vnesel!

17. MAF seminar na LIFFu 2018

MAF!

Seminar za mlade Od 6. – 16. novembra 2018 Dvorana E1, Cankarjev dom, Ljubljana Prijave do: 2. november 2018…

Preberi več →

Luka Marčetič: “Pomembno je, da pritiskaš sam nase, da si do neke (zdrave) mere obseden s tem”

Blog, Intervjuji

Z Lukom Marčetičem, režiserjem, scenaristom in igralcem, smo spregovorili o tem, kako izpeljati projekt od začetka do konca, kako…

Preberi več →

Jure Henigman: “Imaš privilegij, da lahko vstopaš v svetove, ki niso tvoji, in s tem širiš svoj svet”

Blog, Intervjuji

Z Juretom Henigmanom, gledališkim in filmskim igralcem, smo se pogovarjali o zaposljivosti slovenskih igralcev, kako igra nanj deluje terapevtsko,…

Preberi več →

Mentorski priročnik: Pokliči me po svojem imenu

Filmska kritika, Priročnik

V rubriki Mentroski priročnik izkušeni filmski kritiki mladim piscem podajajo nasvete in znanje o aktualnih filmih, njihovo analizo, ideje…

Preberi več →

Mentorski priročnik: Služkinja

Blog, Filmska kritika, Priročnik

V rubriki Mentroski priročnik izkušeni filmski kritiki mladim piscem podajajo nasvete in znanje o aktualnih filmih, njihovo analizo, ideje…

Preberi več →

Mentorski priročnik: Playing Men

Blog, Filmska kritika, Priročnik

V rubriki Mentroski priročnik izkušeni filmski kritiki mladim piscem podajajo nasvete in znanje o aktualnih filmih, njihovo analizo, ideje…

Preberi več →

Prijavi se na 3. filmski tabor

Filmski tabor

FILMSKI TABOR MAD ABOUR FILM 2018 Termin: 8. – 14. avgust 2018,  Radenci ob Kolpi Tabor je namenjen mladim med…

Preberi več →

MAD ABOUT FILM – 3. filmski tabor za mlade

Aktualno, MAF!

Mad About Film filmski tabor za mlade od 15 – 19 let organizira izkušena in mlada ekipa pedagoških delavcev in…

Preberi več →

MAF podcast: Boris Mitić

Blog, Podcasti

Boris Mitić, srbski režiser in avtor dokumentarnega filma Sladki nič, je svoj najnovejši izdelek predstavil na 20. Festivalu dokumentarnega…

Preberi več →

15. seminar MAF: Tujec v paradižu

Blog, Festivali, Recenzije

Med utopijo in realnostjo Na kakšen način lahko v migracijsko problematiko vstopa Evropejec, živeč v centru raja, ki za…

Preberi več →

15. seminar MAF: Najbolj oddaljen

Blog, Festivali, Recenzije

Vizualno bogat slavospev raziskovanju vesolja in postavljanju temeljnih bivanjskih vprašanj. Poleti 1977 sta s Floride poletela Voyager 2 in…

Preberi več →

Predstavitev

Filmski tabor

Kaj je Mad About Film poletni filmski tabor? Poletje je dolgo, domače mesto prazno, vsi so na počitnicah in…

Preberi več →

15. MAF seminar: Nori na dokumentarni film!

Festivali, MAF!, Prihajajoči dogodki

|14. – 19. marec 2018| |Cankarjev dom| |dvorana E6| S petnajsto izvedbo filmskega seminarja se vračamo na Festival dokumentarnega…

Preberi več →
Back To Top